Правда

Студентите и работниците во Хонгконг ги здружија силите во протестите

Студентите и работниците во Хонгконг - Работник
159views

Гас маски, очила и шлемови беа дело од униформата на студентите во вчерашниот ден, откако се враќаа во училиштата во Хонгконг, држејќи знаци во знак на поддршка на анти-владините протести во Хонгконг.

Некои од студентите целосно ја бојкотираа наставата, носејќи црна облека и држејќи ги рацете во знак на солидарност со оние кои се бореле за независност од Кина.

Демонстрациите, во одредени периоди стануваа насилни, досега се одвиваа речиси три месеци. Луѓето на улиците побараа демократија и независна истрага во полициската бруталност за време на протестите.

Нивните барања се состојат од отфрлање на обвиненијата против уапсените демонстранти и отфрлање на законот за екстрадиција кој на Кина и овозможува да му суди на жител на Хонгконг. Луѓето коишто живеат на островот законот го гледаат како нарушување на автономијата од враќањето на поранешната Британска колонија во Кина во 1997 година.