Наука

Студентите ќе зависат од вештачката интелегенција

Студентите ќе зависат од вештачката интелегенција - Работник
68views

Во Русија во иднина статусот на студентите ќе зависи од системите за вештачка интелигенција, изјави директорот на универзитетскиот центар EDCrunch University при Националниот истражувачки технолошки универзитет MISIS во Русија, Нурлан Кијасов.

Според неговите зборови, врз основа на податоците кои ќе се добијат преку дигитален мониторинг на студентите, системот ќе ја оцени нивната работа, активноста во предавањата, социјалниот живот и однесувањето.

По анализирањето на добиените информации универзитетското раководство ќе одлучи како да постапи со студентот – да го награди или да го охрабри да работи, да го советува да земе дополнителни курсеви, да го проверува поактивно на предавања, да го предупредува за несоодветно однесување или да го исфрли од факултет, објави Студенти.

Целосниот текст можете да го прочитате тука