Занимливости

Студенти на Машинскиот факултет во Скопје изработија иновативен скејтборд за деца со посебни потреби

Студенти на Машинскиот факултет - Работник
204views

Скејтборд за деца со посебни потреби, со кој ќе можат да се забавуваат, но и да вежбаат, е иновацијата на четворица студенти на Машинскиот факултет во Скопје. Под водството на професорот Атанас Кочов, студентите од четврта година на насоката Производно инженерство: Анастасија Игњатовска, Фросина Максимоска, Ангел Анѓушев и Бобан Кусигерски дизајнираа и изработија прототип на скејтборд, кој во текот на следните месеци ќе добие и понапредна варијанта.

Се почнало како дел од практичната работа на предметот Компјутерски поддржано инженерство, и предизвикот што им го поставил професорот Кочов. Предизвикот требало да резултира со иновација што ќе служи за забава на дечињата со посебни потреби во скејт парковите, која едновремено ќе биде и забавна и безбедна, пишува Иновативност.