Студиска посета: Претставници на КСС оствариле средба со директорот на МОТ за југоисточна Европа

Во рамките на студиската посета на Будимпешта на Националниот совет за Безбедност, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија оствари средби со директорот на Меѓународната организација на труд – МОТ за Југоисточна Европа, Магнус Берге, со кој биле размените мислења за актуелните состојби за работничките права, за кои КСС секојдневно ги информира, истакнаа извори од редовите на КСС.
Тие изразиле загриженост и најавиле посета на Скопје, за што побрзо и порамноправно да се разрешат проблемите, во кои се наоѓаат работниците во моментот.
Од КСС оствариле средба и со дел на претставниците од Националниот Совет за Безбедност при Министерството за финансии на Унгарија, на која биле разменети добри практики и било разговарано за вмрежување, комуникација и соработка.