Наука

Студија: Секој десетти човек во кома е свесен за случувањето околу него

Студија: Секој десетти човек во кома е свесен за случувањето околу него-Работник
140views

Неврологот Николас Шиф од Медицинскиот колеџ Вајл Корнел во Њујорк е еден од водечките светски експерти за нарушувања на свеста. Многу од неговите пациенти се во вегетативна состојба. Поради разни повреди, тие останале без свест за себеси или за светот околу нив.

Во 2006 година, за прв пат, беше откриено дека една жена за која се верува дека е во кома е всушност свесна, пишува New Scientist. Откако лекарите го испитале нејзиниот мозок, сфатиле дека може да размислува различни работи или настани. Невролозите заклучиле нешто што во почетокот беше застрашувачко – нашата способност да се утврди дали некој е свесен или не, врз основа на набљудување на самото однесување, не е доволно прецизен.

Сега знаеме дека некои пациенти имаат т.н. скриена свест и во некои моменти се свесни, а во некои не, но не можат да го придвижат телото. По десетгодишно истражување, невролози утврдиле дека ова не се индивидуални случаи, туку дека многу пациенти во кома може да имаат таков вид на свест.

Иако нема податоци за точниот број на пациенти со тајна свест, најновата конзервативна проценка вели дека најмалку еден од десет луѓе кои се во кома, вегетативна или минимална свесна состојба, всушност имаат прикриена свесност.