ПравдаСветСветот на работникот

Судири за време на протест на здравствените работници во Париз

Судири за време на протест - Работник
148views

Полицијата во Париз денеска употреби солзавец, со цел да спречи немири за време на протестот на здравствените работници во центарот на градот.

Протестите се одржаа пред зградата на Министерството за здравство, а демонстрантите бараат да им бидат зголемени платите и намалени работните обврски.

Протестот се случува во момент на национални консултации околу реформите во здравствениот систем, кои траат во Франција веќе три недели. Демонстрантите истакнаа дека разговорите се неуспешни.

По завршување на собирот, радикални учесници започнаа да фрлаат камења, шишиња и запаливи средства кон полицијата, која одговори со солзавец. Полицијата блокира неколку улици, а во полициското соопштение се наведува дека маргинални групи се обиделе да го осуетат мирниот протест на здравствените работници.

Големи протести на здравствените работници се одржаа денеска и во други градови во Франција, особено во Нант. Според телевизијата БФМ, засега минуваат без проблеми.

Advertisement