ПравдаСветСветот на работникот

Судири помеѓу полицијата и демонстрантите поради големата стапка на невработеност

Судири помеѓу полицијата и демонстрантите - Работник
127views

Полицијата во јужниот град на Тунис, Татавин со солазевец се обидувала да ги сопре демонстрантите кои фрлале камења на нив, а воедно ги блокирале и патиштата, во знак на револот поради големата стапка на невработеност, пренесува Ал Џезира.

Демонстрантите побарале од Владата да го имплементира договорот од 2017 година за да се создадат работни места во нафтените компании и инфраструктурните проекти за да се намали невработеноста којашто сега изнесува 30 % во регионот, што е една од највисоките стапки во Тунис.

Денеска по втор пат по ред избија нереди во градот. „Ситуацијата е опасна во нашиот регион. Од прозорецот на мојот дом постојано гледам полициски сили кои фрлаат солзавец и бркаат млади луѓе“, рекол Исмаил Смида, жител на градот, за Агенцијата Ројтерс.

Друг сведок рекол дека полицијата се пресметала со стотици демонстранти кои фрлале камења на нив, ги блокирале патиштата и извикувале: „Нема да се откажеме, ги сакаме нашите права на развој и работа“.

Во 2017 година,протестите поради невработеноста во провинциите Татавин и Кебили ги погодиле нафтените производства, како и производствата на гас, во регионот каде француската компанија Перенко и австриската ОМВ оперираат, довеле до ветување за склопување на договор за отворање на работни места во нафтениот сектор и равојните проекти.

Сепак, демонстрантите рекле дека поминале три години, а договорот не е сеуште имплементиран.