- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Судот одлучил: Вработени, а не приватници

Судот одлучил - Работник
470views

Возачите кои работат за Убер се вработени, а не приватни возачи, па имаат право на поголеми работнички бенефити согласно законите од областа на трудот, пресудил холандскиот суд. 

Ова е уште една судска победа за синдикатите кои се борат за подобри плати и бенефити за вработените во овој економски сектор која е извоена после сличната одлука донесена оваа година за Убер во Велика Британија, пренесува Ројтерс. 

Окружниот суд во Амстердам се приклонил кон Сојузот на холандски синдикати (ФНВ) кој тврдел дека отприлика 4,000 возачи вработени во Убер во Главниот град, би требало да добијат бенефити во согласност со прописите коишто важат во такси секторот. 

Убер рекол дека ќе се жали на одлуката и дека не планира да вработува возачи во Холандија. 

„Разочарани сме од оваа одлука бидејќи знаеме дека огромен број на возачи сакаат да останат независни“, рекол Мауритс Шонфилд, генерален директор на Убер за северна Европа. „Возачите не сакаат да се одречат од слободата на избор дали, кога и каде ќе работат“, истакнал тој. Судот утврдил дека возачите кои превезуваат патници по пат на апликацијата Убер, се опфатени во Колективниот договор за секторот на такси превозници. 

„Правниот однос помеѓу Убер и овие возачи ги исполнува сите карактеристики на договор за работа“, се наведува во пресудата. 

Од ФНВ ја поздравиле пресудата. 

„Врз основа на пресудата, возачите на Убер сега автоматски се вработени во Убер“, рекол Закарија Боуфангаха, заменик претседател на ФНВ.

„Како резултат на тоа, тие ќе примаат поголеми плати и ќе имаат поголеми права во случај на отпуштања и болести“, рекол тој.

Во некои случаи имаат право и на заостанатите плати, образложил судот.

Исто така, судиите му наложиле на Убер да плати казна од 50,000 евра поради пропустите во спроведувањето на условите од договорите за работа на возачите. 

Извор: b92.net

Фото: Depositphotos/Vicdemi