- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Судот одлучил: На пушачите помали плати

Судот одлучил - Работник
245views

Компанијата која престанала на своите вработени да им го плаќа времето кое го поминуваат на пауза за пушење го добила случајот на Шпанскиот врховен суд.

Енергетската компанија Галп вели дека постапила согласно законот на државата кога го одземала времето поминато вон просториите од вкупниот број на работни денови на вработените.

Advertisement

Синдикатот кој го предал случајот на судот планира да поднесе жалба на одлуката.

Неодамнешните измени на шпанскиот закон бараат од компаниите да ги бележат влегувањата и излегувањата на вработените од работното место.

Advertisement
Advertisement

Надгледувањето е воведено за да биде спречена експлотацијата на работниците и зголемената флексибилност на работното место наведена во договорите. Законот требало и да се бави со проблемот за неплатената прекувремена работа.

Имено, во 2019 година, речиси три милиони часа на прекувремена работа не се платени, пишува Би – Би – Си.

Сепак, барањето има непредвидливи последици за отприлика 10 милиони пушачи во Шпанија.

Со снимањето на тоа кога вработените влегуваат и излегуваат од канцелариите, компаниите можат да пресметаат колку време работниците поминуваат зад работната маса.

Шпанскиот врховен суд се потпирал на претходната пресуда со која работниците немаат право на платена пауза за цигара, кафе или појадок. Шпанските работници работат повеќе часа годишно од другите Европјани, освен од Италија и Португалија.

Просечниот работник во Шпанија во 2018 година работел 1,701 час, Германец 1,363, а Британец 1,538.

Advertisement