МакедонијаСиндикат

Судската администрација денеска излезе на протест за да ја зголеми платата на судиите

Судската администрација денеска - Работник
247views

Судската администрација излезе на еден ипол часовен протест за да ја зголеми и онака големата плата на судиите. Судската администрација во режија на УПОЗ само го верификува она што судската фела и го сакаше, процентуална еднаквост на додатоците на плата, вели Драган Јосевски, Претседател на синдикалната организација на правосудство при САДУ.

Тој истакна дека со овој чекор се прави голема неправда и ова ќе доведе до изразена нееднаквост на и онака големата разлика во примањата ќе стане уште поголема.

„Бидејќи примањата на судиите се многу поголеми од вработените во судската администрација, додатокот на судија за ризик сега ќе изнесува 7,000 денари, а на судските службеници 1,500 денари. И замислете дека УПОЗ ќе креира еднаквост на штета на вработените во судовите“, вели Јосевски.

Тој смета дека сега повеќе судиите и не мора да трпат критики бидејќи самите со правилникот за додатоци на плата ќе си земаат онолку колку што им треба.

„Сега во режија на УПОЗ, со очигледно однапред направен договор тоа им го верификуваат судските службеници кои излегоа на протесот. Додатоците на плата мора да бидат со исти реални вредности, бидејќи тие не се плата. Ризикот подеднакво го трпат сите во судовите, само некои десет пати повеќе го наплатуваат.