ЕкономијаМакедонијаМакедонијаСиндикат

Судска администрација: Не само за судиите и ние заслужуваме поголеми плати

Судска администрација - Работник
261views

Судската администрација го крева гласот против Судски буџетски совет, и во знак на револт утре ќе ја блокира работата на сите судови низ земјава. Првиот човек на синдикатот на УПОЗ за Алфа вели дека не е добро судиите сами на себе да си ги зголемуваат платите, а од тоа да нема ништо за судската администрација. Бараат нивно изедначување.

– Како резултат на општото незадоволство од работата на Судскиот буџетски совет и кога со тие средства судиите, за кои не важат закони, си доделуваат додатоци на плати, неоправдано, а за судските службеници секогаш изнаоѓаат изговор дека нема законска основ, го искажавме денеска незадоволството и во петок во сите судови во Македонија ќе има протест со цел последно предупредување до судиите да бидат поодговорни кон судската администрација, затоа што ова повеќе вака не може, рече Грујовски.

Најдоцна до крајот на годинава се очекува да биде потпишан гранскиот колективен договор за администрација, за што долго време преговара Синдикатот и Министерството за информатичко општество. И двете страни се надеваат дека ќе се дојде до решение.

– Ние долго време сме блиску до договор, но никако да го потпишеме. Морам да дадам и признание, што не ми одговара, дека не сакаат да потпишат што било и се борат за нивните права до крај. Затоа можеби трае дијалогот подолго време. Следната недела на оваа тема ќе имаме средба во Владата и мислам дека ќе можеме да најдеме некакво заедничко решение, но да не прејудицираме. Финансиските можности во државата се онакви какви што се и правиме напори да излеземе во пресрет на се она што се бара, изјави министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски по денешната годишна конференција на Синдикатот на УПОЗ.

Во однос на платите, од УПОЗ предлагаат тие да го следат порастот на просечната плата во државата со сегашната утврдена вредност на бодот.

Инаку, Синдикатот засега не се размислува за радикален штрајк, зашто во 2016 биле казнети со скоро цела плата. Утрешниот протест ќе биде пред сите судови од 9:30 до 11 часот.

Извор: Алфа