
Сфингите преместени - Работник
194views
Властите во Египет соопштиле дека четири староегипетски сфинги се преместени на плошатод Тахирир во Каиро кој е многу прометлив кружен тек во самиот центар на градот.
Како што наведува АП, овој потег предизвикал критики од страна на археолозите и другите делови на јавноста кои изразиле страв од тоа дека сфингите можат да бидат оштетени поради големата загеденост на воздухот, а во тек е и судска постапка започната со цел да се поништи одлуката за нивното преместување.
Не прецизирајќи го датумот, еден претставник изјавил дека реставрираните сфинги, донесени од Луксор, ќе останат во древните ковчези до официјалното отворање на плоштадот после работите на неговата обнова.
Како што потсетува агенцијата, на истиот плоштад минатата година е поставен обелсик пронајден во подрачјето на делтата на Нил северно до Каиро, а претседателот Абдел Фатах ел Сиси се обидел да го оправда овој потег, истакнувајќи дека обелискот и другите споменици ги украсуваат плоштадите на градовите на Западот.