Занимливости

Тамара Тодевска и Роберт Билбилов изненадија со нова песна – „Светот е“

99views

Роберт Билбилов и Тамара Тодевска ја изненадија македонската публика со нивниот нов дует за песната „Светот е…“.

И тоа токму на  37. роденден на Роберт Билбилов.

Во видеото, покрај Роберт и Тамара, се појавуваат и нејзините деца Хана и Дарен, нејзиниот внук Вук и Тијана Дапчевиќ. Освен нив се појавуваат и познати личности меѓу кои Васил Гарванлиев, Александар Таранунов, Александра Јанева, Панчо ДНК, Лина Пејовска, Антониа Гиговска, Катарина Ивановска, Весна Бејби, и други.

„Светот е…“ е авторско дело на Роберт Билбилов а режисер на спотот е Зоран Зонде Стојановски.

Извор: Сител