ЗанимливостиМагазинНаука

Таткото на World Wide Web со нов проект за заштита на личните податоци

Таткото на World Wide Web со нов проект за заштита на личните податоци
101views

Таткото на WWW односно World Wide Web, Тим Бернс Ли е разочаран од начинот на кој WWW се развива, па посакува на корисниците да им ја врати контролата над нивните лични податоци.

Онлајн светот залута. Премногу моќ и премногу лични податоци има во центрите на технолошките гиганти како што се Facebook и Google.

Поттикнати од огромни количини на податоци, вели тој, тие станале платформи за надзор и вратари на иновациите. И регулаторите изразуваат слични поплаки, а големите технолошки компании се соочуваат со построги правила за приватност во Европа и некои американски држави, предводени од Калифорнија.  

Сепак, за разлика од регулаторните тела, Тим Бернс Ли има друг пристап за решавање на овој проблем. Според него одоговорот се наоѓа во создавање на технологии кои на корисниците ќе им даде поголема моќ.

„Целта е да се насочам кон Интернетот онака како што сакав прво“, вели тој.

Клучната техничка компонента на оваа технологија Бернс Ли ја нарекува PODS(personal online data stores) односно продавници за лични интернет-податоци.

Идејата е секоја личност да ги контролира личните податоци, од посетата на веб страници, до шопинг со кредитни картички преку Интернет, слушањето музика и слично. Сето тоа би се наоѓало во еден податочен сеф, кој би се чувал на некој сервер.

Компаниите би можеле да добијат пристап до тие податоци, со дозвола и по пат на сигурен линк за специфична работа, па на тој начин би можеле селективно да ги користат тие податоци, но не и да ги складираат на своите сервери.

Визијата за сувереност на личните податоци Бернс Ли е потполно спротивна од моделот за собирање и зачувување што го користат големите технолошки компании. Поради тоа, започна open source проект  наречен SOLID, основајќи ја компанијата заедно со Џон Брус, кој позади себе има пет успшени start-up проекти.

Бернс Ли верува дека start-up компаниите би можеле да одиграат клучна улога во прифаќањето на новата технологија.

Компанијата „ Inrupt“ се надева дека докажаните организации најпрво ќе ја спонзорираат “pods” технологијата За корисниците, pods е бесплатен, а доколку концептот се прифати, може да се појави тренд сличен на денешните услуги за е-пошта, односно ефтини или бесплатни услуги за управување со лични податоци.

Британската национална здравствена служба започна соработка со Inrupt на пилот-проект за помош на пациенти кои патат од деменција. Секој пациент има свој таканеречен SOLID POD во кој се складираат личните податоци кои ги предал самиот пациент или овластен роднина на пациентот.

На долг рок, целта е успешен децентрализиран пазар заснован на лично зајакнување и соработка. Таа финална визија е многу моќна, посочува Бернерс-Ли.

Дали ќе успее во тоа, останува неизвесно, но некои стручни лица сметаат дека наведената технологија е премногу академска за ,,меинстрим” програмерите. Се отвара прашањето дали оваа технологија ќе ја постигне брзината и моќта да стане платформа за идните апликации.

Inrupt се соочува со низа на технолошки предизвици, но ниту еден од нив не е незамисливо тежок, смета Брус Шнајдер, шефот за безбедност во Inrupt и експрерт за приватност и безбедност. Тој смета дека оваа технологија има големи шанси да го промени начинот на кој функционира Интернетот.

Advertisement