Наука

Тајландски поморски биолог бара план за конзервација на ретки морски животни

Тајландски поморски биолог бара план - Работник
26views

Еден од најдобрите поморски биолози побара од Владата на Тајланд да ги забрза плановите за конзервација за дугангзите, загрозени морски тревопасни животни, по зголемувањето на смртноста во водите на Тајланд, оваа година на рекордни 21.

Тон Тамронгнабасават на неговата Фејсбук страна објави дека остатоци од дуганг биле најдени јужно од провинцијата Краби. Младата женка се удавила по заглавувањето во рибарска мрежа којашто е позната закана за животните.

Експертите веруваат дека само 250 дугангзи се останати во водите на Тајланд.

Тон кој служел во владиниот комитет за околина и развивање, вели дека тригодишниот план за конзервација на дунгагзите чека одобрување од Кабинетот.

„Изгубивме премногу оваа година. Се надевам дека можеме да го добиеме тоа што го сакаме што е можно поскоро и дека ќе можеме да ја стартуваме програмата наскоро“, напиша Тон.

Планот се нарекува „Проект Мариум“, по името дадено на младенче дунганг кое било спасено и било прославувано во Тајланд, откако излегоа фотографии на кои се гледа како ветеринарите го хранат со млеко и морска треба кои станаа вирални на социјалните мрежи.

Таа умре пред два месеци и покрај интензивната нега. Се претпоставило дека била бркана и нападната од поголем дунгаг за време на сезоната на парење.

Дунгунзите се врсти на морски животни кои може да пораснат до 3,4 метри. Тие се во листата на загрозени животни на Меѓународната Унија за Конзервација на природата и се под заштита на Тајландските закони.