- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Таџ Махал е повторно отворен после најдолгата пауза досега

Таџ Махал е повторно отворен после најдолгата пауза досега - Работник
217views

Таџ Махал, светски позната градба, повторно се отвори по шест месеци. Мавзолејот беше затворен во март кога во Индија беа воведени мерки за затворање на историски градби поради пандемијата од Коронавирус. Отворениот мавзолеј ќе може да прими само 5.000 посетители на ден со строги мерки за епидемија.

Таџ Махал е една од најпопуларните светски туристички атракции, која била посетувана и до 70 000 луѓе на ден пред пандемијата.

Целиот објект беше дезинфициран пред да се отвори портата, а на посетителите ќе им биде мерена температурата на влезот.

Билетите ќе се плаќаат со картички, групно фотографирање е забрането поради почитување на физичката оддалеченост.

Мермерниот мавзолеј бил изграден во 17 век од владетелот на Мугалите, Шах Јахан, за неговата покојна сопруга Мумтаз Махал.

Последен пат беше привремено затворен во 1978 година, кога беше поплавен градот Агра, во близина на кој се наоѓа, како и во 1971 година, поради војната меѓу Пакистан и Индија.