Твитер ќе отпушти 3,700 вработени или 50 % од работната сила во компанијата

Вработените во Твитер се чекор поблиску да дознаат кои од нив ќе треба да замине, пишува Бизнис Инсајдер.

Минатата недела Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари.

Вчера била финализирана листата на вработените кои ќе добијат отпремнина, а нивната бројка изнесува околу 3,700 вработени или 50 % од работната сила во компанијата, велат двајца луѓе запознаени со плановите на компанијата и интерна порака испратена до Бизнис Инсајдер.

Откако Маск го преземал Твитер започнал да прави евалуација на вработените. Потоа, потпретседателите биле замолени да направат листи во своите оддели и да одберат кој работник ќе остане, а кој ќе си замине. Тие листи подоцна биле испратени до Маск и неговиот транзициски тим, вклучувајќи го и неговиот адвокат Алекс Спиро, пренесе Инсајдер.

Додека вработените во Твитер сѐ уште се чуваат во темно, најновите информации велат дека отпуштањата ќе се случат во петок. Информациите дошле од двајцата луѓе кои се запознаени со плановите на Маск.

Од компанијата не одговориле на прашањата испратени од Инсајдер.