ЗанимливостиМагазин

Тврдеше дека изборите биле регуларни, Трамп го отпушти и објави на твитер

Тврдеше дека изборите биле регуларни, Трамп го отпушти и објави на твитер - Работник
116views

Сè уште актуелниот американски претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на агенцијата за сајбер безбедност поради неговите тврдења дека изборите биле целосно регуларни.
Како што рече Трамп, директорот на тело наречено Агенција за безбедност на интернет и инфраструктура (ЦИСА) „беше разрешен поради крајно неточни изјави за интегритетот на гласањето“.

Да потсетиме, Кребс неодамна се појави пред ЦИСА и рече дека ова гласање е најбезбедно во историјата на САД, што секако е во спротивност со ставовите на Трамп, дека изборите биле наместени во корист на Џо Бајден.
Тогаш, Кребс, наводно, им се доверил на познаници и рекол дека „очекува наскоро да биде отпуштен поради овие обвинувања“. Токму тоа се случи, а за отпуштањето дознаваме преку твитот на сегашниот претседател.


И покрај ова, Кребс не жали за своите постапки.

“Ми беше чест да служам. Ние го сторивме тоа правилно. Дефанзива денес, безбедност утре”, напиша тој.