ЕкономијаМакедонија

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии - Работник
151views

Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политка, а потенцирани се и реформите кои се направени во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајчи го извештајот на кредитната агенција, наведуваат од министерството на нивната веб страна.

‘Фич’ позитивно ги оценува преземените мерки за подобро управување со јавните финансии, особено повисоката буџетска транспарентност и воведувањето на фискално правило за општините. Се нотира и дека преземените мерки како пензиската реформа, подоброто таргетирање на социјалната помош и прогресивното оданочување придонесуваат врз намалување на дефицитот“,рече Тевдовски.

Тој посочи дека проекциите за растот на економијата за оваа и следната година на „Фич“ и Министерството за финансии се слични. Тевдовски рече според „Фич“ растот ќе се базира на широка основа со закрепнување на домашните инвестиции и континуиран раст на личната потрошувачка, што е согласно и на владините проекции.

„Фич“ нотира дека подобрените стандарди на владеење ја поддржуваат имплементацијата на реформите и ја зголемуваат довербата дека земјата нема да се врати на политичката парализа меѓу 2014 и 2017. Напредокот во евроатланските интерграции ја поддржува довербата на инвеститорите и делува како сидро за реформи и макроекономска стабилност.

„Подобрениот кредитен рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати – со други зборови, подобар животен стандард за граѓаните“ рече Тевдовски.

Тој посочи дека овој исклучителен резултат е многу значаен и за Министерството за финансии, како главна национална институција одговорна за односите со кредитните рејтинг агенции.