- Advertisement -
НовостиПравдаСвет

Тедрос: Травестија е што некои земји сè уште немаат вакцини за најранливите групи

Тедрос: Травестија е што некои земји - Работник
113views

Зголеменото производство и правичната дистрибуција на вакцини остануваат главните пречки за запирање на акутната фаза на пандемијата на коронавирус, истакна шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејсус.

Тој го нарече „травестија” тоа што некои земји сè уште немаат вакцини против Ковид-19 за да започнат да вакцинираат здравствени работници и најранливите групи луѓе.

Advertisement

Претседателот на Намибија Хагеј Геингоб, еден од неколкуте светски лидери поканети да се обратат на конференцијата на СЗО на Светскиот ден на здравјето, зборуваше за „вакцинален апартхејд”, според кој одредени земји треба да чекаат за вакцини.

Тој рече дека Намибија вакцината ја добила од своите пријатели, односно од Индија и Кина, но дека сè уште чека други вакцини и покрај тоа што платила депозит за нив.

Advertisement

Лидерот на СЗО увери дека Намибија ќе ги прими вакцините за околу две недели преку глобалниот механизам за дистрибуција на вакцините Ковакс.

Advertisement