ЕкономијаПравда

Телма: Грчки Хеленик на Арбитража во Париз бара од македонската влада 31 милиони долари, плус камати

Грчки Хеленик на Арбитража во Париз - Работник
197views

Грчки Хеленик Петролеум ја тужи земјава за 31 милиони долари, плус камати, или вкупно, износот би можел да се искачи на над 40 милиони долари. Според сознанијата на Телма, компанијата веќе ја активирала тужбата пред Арбитражниот суд во Париз, со која од државава ќе бара да ја наплати оваа сума, поради непочитување на купопродажниот договор за рафинеријата ОКТА. Со овој договор, склучен во 1999 година, македонската држава имаше обврска во период од 20 години да откупува по 500 илјади тони мазут годишно, но во периодот од 2008 до 2011 нашите власти не ја исполниле таа количина, па Грците бараат преку арбитража да ги наплатат парите. Сепак, финалната сума колку земјава ќе треба да плати, ќе се знае дури после пресудата, која се очекува да биде брзо донесена. Македонската Влада, пак, како што велат изворите, повеќе од една година не влегла во преговори за решавање на овој проблем, објави Телма.

Целосниот текст можете да го прочитате тука