Економија

Телма: Општините од истокот рекордери во искористување на европските пари

Општините од истокот - Работник
164views

Реконструкции на домови за култура, делови од болници, изградба на речни корита се дел од  17-те проекти, коишто македонските и бугарските општини ќе ги реализираат со европски пари. 80 отосто од проектите преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија се инфраструктурни проекти, а 20 отсто се меки проекти. Општините од истокот, југоистокот и свериоистокот, коишто граничат со општините од соседна Бугарија се рекордери во искористување на европските пари, со реализација на 99 отсто од оваа програма, за разлика од општините, коишто граничат со соседна Грција.

„Меѓутоа ова е за жал програма којшто има најмал обем на буџети за разлика од програмата со Република Грција, каде што буџетите се повеќе од 700.000 или 800.000 евра. Овде од оваа програма максимален буџет е 500.000 евра, коишто се однесуваат за проекти од областа на туризмот, 400.000 евра од областа на енергетската ефикасност. Тоа значи дека значително помалку средства добиаме за имплементација на проекти. Но, тоа се критериуми на Европската унија“, вели Драгица Здравева директор на Центар за развој на ИПР, објави Телма.

Целосниот текст можете да го прочитате тука