Економија

Телма: Хеленик отворени и за спогодбено решавање на спорот во кој бараат 32 милиони долари

Хеленик отворени и за спогодбено - Работник
30views

Грчката Хеленик Петролеум е отворена и е во преговори со македонските власти да најде спогодбено решение за спорот, по тужбата што ја активираше пред Арбитражниот суд во Париз, со која бара од земјава да наплати 32,6 милиони долари. Џорџ Алексопулос, еден од менаџериоте во грчката нафтена компанија вели дека тие нема да ја коментираат процедурата, но сакаат да најдат решение за овој проблем. Ова тој го одговори на прашање од македонските новинари, на маргините на конференцијата на The Economist  во Атина. Од компанијата денеска со попрецизно објаснување.

„Членовите на Арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек. Паралелно со арбитражниот процес, ние водиме разговори со Владата на Република Северна Македонија со цел да најдеме спогодбено решение за спорот“, вели Џорџ Алексопулос, генерален менаџер за стратешко планирање во Хеленик Петролеум, објави Телма.

Целосниот текст можете да го прочитате тука