Тесла демантира дека во Берлин ќе отпушти повеќе од 3,000 работници
Тесла планира да укине работни места во својата гига-фабрика во близина на Берлин, потврдила портпаролката на погонот, но ги негирала наводите на медиумите дека се работи за повеќе од 3,000 работници.
Гигантскиот произведувач на електрични автомобили претходно соопштил дека планира да отпушти 10 % од работната сила ширум светот.
Сопственикот на Тесла, Илон Маск, навел дека редуцирањето на работната сила за околу 14,000 луѓе е диктирано од продажбата на електрични возила на глобалниот пазар.
„Уверени сме дека само ефикасна и растоварена организација може добро да се носи со идните предизвици. Искуството укажува дека таквиот пристап носи успех“, рекла претставничката на берлинската фабрика.
Фабриката на Тесла се наоѓа во Гринхајд, во близина на Берлин.
Според соопштението на претставничката, фабриката на евентуалното отпуштање ќе му пристапи во согласност со законот за работни односи и со учество на работниците.
Тврдењата на медиумите дека ќе бидат отпуштени 3,000 работници се „потполно неосновани“, се додава во соопштението.
Гига-фабриката во Берлин моментално вработува повеќе од 12,000 луѓе.
Извор: b92.net
Фото: shutterstock, BoJack
- КАКО ДО ГЕРМАНСКА СТУДЕНТСКА ВИЗА: Зголемен е износот кој студентите мораат да го уплатат на сметките, но има и алтернативи. Ова се условите - 06/11/2024
- Ако од 2025 година го одложите пензионирањето во Германија, ќе ви исплатат дарежлив бонус - 06/11/2024
- Ментално здравје и работната средина: Стресот најизразен во токсичните работни средини - 06/11/2024