ЕкономијаСвет

„Тесла“ продолжува со работа – Доколку треба ќе произведува и респираторни вентилатори

„Тесла“ продолжува со работа - Работник
138views

Голем број од светските произведувачи на автомобили запреле со работа поради ширењето на корона вирусот.

Илон Маск, директор и основач на Тесла, здравствената криза очигледно не го загрижува, ниту пак, како на многу други негови колеги, му сметаат новонастантите услови на пазарот. Тој во својата фабрика во Калифорнија, САД и понатаму произведува електрични возила.

Иако подрачјето Фримонт, каде што е сместен погонот на Маск е блокирано, тој добил дозвола од округот Аламеда да продолжи со работа така што надлжените органи неговото работење го прогласиле за „работење од суштинска важност“.

Многумина не разбираат зошто произведувањето на автомобилите во текот на глобалната пандемија е толку важно и ја осудуваат одлуката на властите да ја изземат Тесла од одредбата за престанување со работа.

Директорот на Тесла во понеделникот им пратил меил на сите свои вработени дека можат да останат дома доколку се чувствуаат болно или непријатно, пренесува Енергетски портал.

„Јас ќе одам на работа, но само јас. Повеќе би сакал да бидете во своите домови и да не се грижите, отколку да работите под стрес“, заклучил тој.

Сепак, не може да се занемери психолошкиот притисок кој со таквиот пристап се врши на работниците. Особено кога ќе се земат во предвид неговите изјави за корона вирусот.

„Штетата предизвикана од паниката ќе биде многу поголема од таа предизвикана од вирусот. Ковид -19 нема да се прошири на повеќе од 0,01 отсто од популацијата“, истакнал Маск.

Меѓутоа, во објавата на Твитер тој напишал дека производството во Тесла ќе го преориентира на вентилатори доколку има недостаток поради пандемијата.

Фабриката во Фримонт вработува 10,000 луѓе.

На списокот на оние кои привремено „ставиле клуч“ на своите погони се БМВ, Форд, Фолксваген, Ламбурџини, Ауди и многу други.