ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Технолошкиот гигант отпушта 10,000 вработени во Европа

Технолошкиот гигант отпушта - Работник
63views

Технолошката компанија „ИБМ“ планира да укине околу 10,000 работни места во Европа во обид да ги намали трошоците на своите филијали за услуги кои белжат бавен раст непосредно пред најавеното делење на компанијата.

Најмногу откази би требало да има во Обединетото Кралство и Германија, а намалувања се планираат и во Полска, Словачка, Италија и Белгија.

ИБМ најавил намалување на бројот на работни места во Европа, претходно овој месец, во текот на состанокот со европските претставници на работниците. 

После овие вести, акциите на ИБМ паднале за 1,6 %, а оваа година вкупно вредноста на акциите на оваа компанија опаднала за 8,6 %.

„Нашите одлуки за вработените се донесуваат за да се пружи најдобра поддршка на нашите купувачи за усвојување на отворени хибридни платформи во клауд (облак) и моженостите за вештачка интелегенција. Продолжуваме и со значајни инвестирања во обуката и развојот на вработените во ИБМ, за да на најдобар начин ги задоволиме потребите на нашите купувачи“, рекол портпаролот на компанијата.

Најтешко ќе биде погодено наследеното работење на ИБМ со ИТ услугите, кое се бави со секојдневни инфраструктурни операции, како управување на центрите за податоци на клиентите и традиционалната поддршка на информациската технологија за инсталирање, управување и поправка на опремата.

ИМБ во октомври соопштил дека планира да направи пресврт во работењето и да се насочи кон нови едници за вештачка интелгенција и компјутери во облак, за кои компанијата се надева дека ќе влијаат на растот на приходите. 

Фото: Pixbay

Advertisement