ЕкономијаСвет

Технолошкиот гигант „Самсунг“ е во големи проблеми – забележа голем пад на профитот

Технолошкиот гигант „Самсунг“ - Работник
35views

Најголемиот светски произведувач на паметни телефони и мемориски чипови, компанијата „Самсунг Електроникс“ се нашла во финансиски проблеми.

Оваа компанија соопштила дека очекува намалување на оперативниот профит во третиот квартал оваа година за повеќе од 50 отсто, после падот на глобалниот пазар на чипови.

Прогнозираниот оперативен профит во период од јули до септември е 6,4 милијарди долари, што е помалку за 56,2 отсто во однос на истиот период минатата година.

Ова ќе биде четврти последователен квартал во кој јужнокорејскиот технолошки гигант бележи пад на профитот покрај падот на цената на полуспроводници и послаби побарувачки за нивните мобилни телефони.

„Самсунг“ нема да ги соопшти податоците за нето профитот и работењето по сектори додека не биде објавен завршниот извештај за заработката кој се очекува подоцна овој месец.

Инаку, акциите на компанијата ослабеле за 2,4 отсто на берзата во Сеул бидејќи прогнозата за оперативниот профит е полоша од очекуваната.

Слабото работење во сегментот на мемориските чипови за Самсунг трае цела година, но аналитичарите се согласуваат дека тоа е моментално сразување. Сметаат и дека овие резултатит покажуваат дека технолошките гиганти во овој бизнис не живеат само од продажба на паметни телефони, па поединечни компании, во еден дел од работењето се обидуваат да го „зграбат“ во продажбата на мрежни опреми, извојувајќи компоненти за нова 5Г мрежа.