ЕкономијаМакедонија

„Тешката бирократија пречка за аплицирање“ – Помош за компаниите кои инвестирале во услови на пандемија

Тешката бирократија - Работник
68views

48 компании кои решиле да инвестираат во услови на криза ќе добијат владина помош.

Најголем број  од нив се мали компании кои во иднина можат да отворат 498 нови работни места. Законот за финансиска поддршка  дава подеднаква можност за сите компании,  потенцира вицепремиерот Фатмир Битиќи. 

Неодамна  претседателот на Организацијата на работодавачи  изрази сомнеж, дека голем број на компании не можат да дојдат  до помошта   поради бирократските процедури.

„Мојата компанија инвестираше сега за време на Корона но првото авансно плаќање го направи пред да се објави огласот. Автоматски разговарав со министерот за економија. Не можам да конкурирам затоа што прво треба да се направи планот , да се одобри планот од министерство, па дури тогаш да се набават машините“, посочи Ангел Димитров.

Жалам доколку компаниите се соочуваат со одредени проблеми рече Битиќи. Упати апел , сите кои сметаат дека правата им се ускратени  да побараат помош во неговиот кабинет.

„Ние сме кажале од првиот ден, дека ќе се бориме кон сузбивање на било кои појави кои ќе значат кратење на одредени права  на тие на кои треба да им помогнеме“, посочи Фатмир Битиќи.

На новинарско прашање дали има потреба платите на Советниците во Владата  да бидат прилично високи и дали дел од тие пари би можеле  да бидат пренаменети за други економски цели Битиќи одговори.

„Висината на плати и бројот на Советници во овој момент кој што е назначен е нужен за функционирање на  Канцеларијата на премиерот како и функционирањето на канцелариите на сите други министри вклучително и мојот кабинет .Тоа би требало да го гледаме од аспект дали е рационално или ирационално направено“, додава Битиќи.

Во иднина најверојатно ќе биде потребен и петти или шести пакет мерки  се со цел надминување на кризата од Ковид рече Битиќи додавајќи дека четвртиот пакет  ќе помогне за ублажување на првиот удар од пандемијата, зачувување на работните места и одржување на ликвидноста на компаниите.

Извор: ТВ21