- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Тешки обвинувања против Трамп: Велат дека тој не плаќал данок 10 години

Тешки обвинувања против Трамп: Велат дека тој не плаќал данок 10 години - Работник
150views

Американскиот претседател Доналд Трамп не платил данок на приход во последните 10 години, тврди Њујорк Тајмс во написот објавен само 35 дена пред претседателските избори во САД.

Њујорк Тајмс пишува дека во 2016 година, кога бил избран во Белата куќа и во 2017 година, во првата година од неговиот мандат, Трамп платил само 750 УСД данок на доход.

Весникот дојде до овие податоци гледајќи ги даночните пријави на Доналд Трамп и неговите компании во изминатите две децении.

Понатаму, новинарите од таа листа наводно откриле дека американската даночна служба спроведува истрага од 2011 година со цел да утврдат дали Трамп добил скоро 73 милиони долари на име поврат на данок без никакви основи, пренесува Танјуг.
Покрај тоа, деловната империја на Трамп бележи големи финансиски загуби од 2000 година, од кои 315 милиони долари беа загуби само од терени за голф.

Како што се очекуваше, Трамп откривањето на Њујорк Тајмс го нарече „лажни вести“.

– Јас всушност плаќам данок, но Даночната служба се однесува многу лошо кон мене. Таму има луѓе кои навистина многу лошо се однесуваат кон мене – рече Трамп.

Извор: telegraf.rs