Правда

Тешко искористување на мигрантските работници

Тешко искористување на мигрантските работници - Работник
75views

Агенцијата на Европска Унија за темелни права (ФРА) ги објавила резулатите од истражувањето кои покажуваат тешко искористување на трудот на мигрантските работници. Истражувањето е базирано на разговори со 237 жртви на такво искористување во временски период од 2013 до 2017 година со нагласок на Белгија, Франција, Германија, Полска, Италија, Холандија, Португалија и Велика Британија. Најновиот извештај, насловен како Заштита на мигрантските работници од искористување во ЕУ: работничка перспектива, е трет извештај по ред, објавен во склоп со истражувањето со кое се бара нулта толеранција за искористување на работата на мигрантите.

Нелегални практики се забележени во земјоделството, градежништвото, домашната работа, угостителството, преработувачката индустрија и транспортот.

Повеќе од половина од работниците, работата ја нашле по пат на препораки, но сеедно завршиле во услови кои „потсетувале на концентрациските логори“, а биле „третирани како кучиња или робови“.

Истражувачите дека искористените мигрантски работници:

  • Се плаќани само по 5 евра на ден;
  • Се присилени да ги враќаат долговите на криумчарите пред да можат да ги видат парите;
  • Се присилени да работат по 13 часа дневно, цела недела без одмор и пауза;
  • Се присилени да спијат во контејнери без вода и струја;
  • Се надгледувани од страна на шефовите преку надзорни камери 24 часа дневно;
  • Се подлоени на тепање, вербално насилство и закани за понатамошно насилство;
  • Се присилени да работат без заштитна облекка при ракување со опасни хемикалии;
  • Се присилени на сполно и родово насилство или се присилени да криумчарат наркотици;
  • Се изложени на закани за отпуштање и депортација кога прашуваат за платите.

Извештајот наведува и 13 акции кои европските институции и државите членки би требало да ги преземат за да се прекине искористувањето на мигрантските работници. Издвојуваме пет од нив:

1. Да се запрат лажните и имамувачките пракси за регрутација на работниците.

2. Во соработка со Еуропол, давателите на интерент услуги и социјалните мрежи да се обиде да се реши проблемот со мрежните страници кои ги користат криумчарите и работодавачите за пронаоѓање на работници.

3. Да се спроведуваат законите со кои се заштитува правото на плата, работни услови и станицата на мигрантските работници.

4. Сите земји членки кои сеуште не ја ратификувале Конвенцијата на Меѓународната организација на труд за достоинствена работа на куќните работници, да ја ратификуваат во своите национални закони.

5. Да се осигура сите работници, вклучувајќи ги сезонските и хонораните, да имаат добри животни услови, чесни стамбени договори при што трошокот за киријата не смее по автоматизам да се одземе од платата, кога сместувањето го обезбедува работодавачот.

Целосниот текст можете да го прочитате тука