Наука

Тихиот океан станува се покисел, на раковите им се топат оклопите

Тихиот океан станува се покисел - Работник
296views

Тихиот океан станува се покисел, што почнува сериозно да им наштетува на видовите на ракови кои се наоѓаат во неговите крајбрежни делови.

Cancer magister е вид на рак кој е од витално значење за комерцијалниот риболов на северозападниот Тихи океан, но се пониското ниво на pH ги топи деловите од неговиот оклоп и му ги оштетува виталните органи, покажало новото истражување, пренесува Си – ен – ен.

„Ако киселоста веќе започнала да ги погодува раковите, мораме да им обрнеме внимание на разните компоненти на прехрабениот ланец пред да биде предоцна“, рекол биологот Нина Беднарсек од иститутот Southern California Coastal Water Research Project.

Што се случува со оклопите?

Ниското ниво на pH започнало да ги нагризува оклопите на младите единки од споменатиот вид на ракови, што би можело да ја намали нивната неспособност за бегање од грабливиците и регулирањето на пловноста. Ларвите на раковите чиј мек оклоп бил донекаде истопен биле со помал раст од останатите ларви, што укажува на тоа дека оваа промена во киселоста на Тихиот океан би можела да предизвика доцнење во нивниот развој и созревање. Зголемената киселсот им штети и на нивните ситни сетилни органи кои наликуваат на влакна, а без кои раковите побавно се движат и имаат потешкотии со пливањето и барањето на храна.

На Тихиот океан му расте киселоста, бидејќи од атмосферата апсорбира се повеќе јаглероден диоксид.

Истражувањето под наслов Exoskeleton dissolution with mechanoreceptor damage in larval Dungeness crab related to severity of present-day ocean acidification vertical gradients е објавено во научното списание Science of the Total Environment, а финансирано е од американската Национална агенција за истражување на океаните и атмосферите (НОАА).