Точка: Работничка на аеродром му дала порака на патник, па била експресно отпуштена: Кога видел што му порачала, веднаш ја пријавил
Работничка во обезбедувањето на њујоршкиот аеродром добила отказ бидејќи на еден патник му дала со рака напишана порака – “Грд си”.
Инцидентот се случил во јуни, но за него се дознало оваа недела, кога патникот Нил Страснер ја добил снимката од надзорните камери и ја поставил на ЈуТјуб.
На снимката од меѓународниот аеродром “Грејтер Рочестер” се гледа како работничката на обезбедувањето му дава ливче на Страснер, откако минал низ детекторот за метал, пишува Точка.