ПравдаСветот на работникот

Тошевска: Вака им се одмаздуваат во ЈСП на работниците ако поднесуваат тужби за добивање на своите права

   Време за читање 5 минути

Ако една мравка не може да го подигне зрното, ќе се соберат 10 мравки и ќе го подигнат заедно, затоа што заедно сме посилни почитувани колеги од ЈСП. Поради ова мораме да бидеме единствени, да се поддржуваме и така да ги оствариме нашите права. Вака Елезабета Тошевска, вработена во ЈСП Скопје започнува да ни ја раскажува нејзината приказна за походите и патешествијата во јавното претпријатие.

„Така беше со Независниот синдикат на возачите, преку кој нашиот колега Муча Африм кој од првиот ден, па се до ден денес се обидува да не обедини, но диктаторите од ЈСП и понатаму се обидуваат да не растурат на секаков можен начин, почнувајќи со закани, па завршувајќи со уцени“, велиТошевска.

Една од идеите на НСВ и Африм беше остварувањето на правото на К-15 и правото на јубилејни награди, се разбира по судски пат, затоа што во ЈСП не постои поинаква комуникација, раскажува Тошевска.

„Од околу 1,500 вработени во ЈСП, само 50 –тина луѓе се охрабривме да започнеме постапка за остварување на нашите права. Голготата започна во 2017 година со поднесувањето на тужби. Кога раководството во ЈСП дозна за нашата постапка, бевме нападнати. Улогата на диктатор ја имаше сега веќе пензионираниот раководител на правната служба со неговите истомисленици од одделите за човекови ресурси и внатрешна контрола“, вели Тошевска.

Еден од нив вербално и без основа ги нападнал луѓето коишто тужеле, другиот поединечно ги повикувал во канцеларија за да им се закани и да ги разубеди дека мора да ја повлечат тужбата, а доколку не успеело и тоа, тука бил третиот да најде модус за да го деградира работникот со решение за пониско работно место, затоа што тоа им било дозволено. На овој начин, според Тошевска, од 50 луѓе останале само 18 коишто претле многу штетни последици.

„Помеѓу тие 18 луѓе сме јас и мојотсопруг Божидар Тошевски врз кој беше извршена одмазда од страна на веќе пензионираниот оперативен директор, назначен од градските власти. Се додека траеше постапката и ние бевме повикувани индивидуално на разговор, за наводно да ни укажат дека грешиме, дека сугестиите од Африм и Ацо Младеновски се погрешни и дека треба да ги повлечеме тужбите, со ветување дека тие ќе ги покријат судските трошоци, без никакви последици, што не беше така. Сите коишто ги повлекоа тужбите ги изгореа по 40,000 денари на личен доход без образложение“, укажа Тошевска.

Сепак, како што вели Елизабета, таа и нејзниот сопруг не се повлекле и правдата излегла на виделина. Но, тоа не ги спасило од одмазадата на раководството којашто следела потоа.

Веќе пензионираниот оперативен директор започнал напад врз нејзиниот сопруг Божидар, со тоа што го прогласил за неработник и заради тоа го казнил со 15 % помала плата, прво на 3 месеи, а потоа на 6 месеци. Му ја одземал и квалификацијата за ВКВ автомеханичари, легално положена и заслужена и го деградирал во механичар –почетник во Автобазата Ѓорче Петров, за да, како што вели таа, не му пречи во Автобазата Автокоманда, додека ги остварува неговите ниски цели.

„Зарем Божидар го заслужува ова после 36 години работен стаж и пожартвуваност во ЈСП; нека ти стои на чест „директоре“, вели разочарно Тошевска.

Таа посочи дека истото се случило и со неа. Од 2016 година работи во Диспечерскиот центар, но без соодветно решение и пониска плата, за после пресудата без никакво образложение да ја деградираат и распоредат на пониско работно место, а на нејзиното место ставиле друг човек.

„Се обидов на мирен и достоинствен начин да добијам одговор на тоа зошто ова ми го прават, на што човекот од кабинетот на директорот Кристијан Чушков ми рече дека очекувал дека ќе тужам и затоа не преземал ништо, додека другиот ми вели, епа или со мене си или со Африм, третиот ми вели, не сум јас, пензионираниот правник така одлучил.

Таа изрази голема балгодарност до адвокатот Александар Димитријевиќ, поради кој таа и нејзниот сопруг започнале постапка за остварување на нивните права, затоа што, како што велии таа, раководството на ЈСП брутално ги гази.

„Почитуван г-дине Чушков и вие останатите, запаметете, правдата е бавна, но достижна. Нека ви стои на чест што удривте по мене и мојот сопруг, после 34, односно 36 години макотрпна работа во ЈСП. Ако воопшто има покајание кај вас, ние сме тука, а од Вас бараме само чесно и достоинствено да работиме и за тоа да бидеме соодветно наградени“, аперлира Тошевска.

Бобан Илијевски