ЕкономијаСвет

Трамп го одложил состанокот со данската Премиерка после спорот за Гренланд

Трамп го одложил состанокот - Работник
29views

Американскиот Претседател Доналд Трамп го одложил планираниот состанок со Премиерката на Данска, Мете Фредериксен поради нејзината незаинтересираност да разговара за можното купување на данската автономна територија Гренланд.

После „коментарот на Мете Фредериксен дека не е заинтересирана да разговара за продажбата на Гренланд, ќе го одложам состанокот планиран за две недели за некое друго време“, напишал Трамп на Твитер.

Состанокот на американскиот Претседател и данската Премиерка бил планиран за почетокот на септември.

Бидејќи Вол стрит журнал прв објавил дека Трамп е заинтересиран да го купи Гренланд, данските и властите во Гренланд соопштиле дека тој не е на продажба. Трамп не ја негирал заинтересираноста за купувањето, но рекол дека не планира да гради на островот.

На Гренланд со децении се наоѓа американска воздухопловна база.

Извор: Danas.rs