ЕкономијаПравдаСвет

Трамп им наложил на Форд, ЏМ и Тесла да започнат со производство на респиратори

Трамп им наложил - Работник
81views

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера им дал „зелено светло“ на директорите на Форд, Џенерал Моторс и Тесла, барајќи од нив да се вклучат во производството на респиратори.

„Форд, Џенерал Моторос и Тесла добија зелено светло да произведуваат респиратори и други производи од метали, и тоа БРЗО!“, напишал американскиот претседател на Твитер.

Претседателот на Соединетите американски држави во последните денови се наоѓа под зголемен притисок да го активира Законот за одбрабено производство кој настанал во текот на Студената војна и истиот на Владата и овозможува да на индустријата и нареди да произведува неопходна медицинска опрема, но тој досега не покажал слух за тие барања.