ЕкономијаЗанимливостиСвет

Трамп сака да го купи Гренланд поради кој Данска има финансиски проблеми

Трамп сака да го купи Гренланд - Работник
64views

Американскиот Претседател Доналд Трамп покажал голем интерес да го купи Гренланд.

Два извори за „Волстрит Журнал“ рекле дека Трамп повеќе пати ги прашувал своите советници „со различен степен на сериозност“, дали би било возможно Соединетите Американски Држави да ја купат автономната данска територија поради нејзините ресурси и геополитичкото значење.

„Што вие мислите за тоа?“ ги прашал Трамп своите соработници минатата есен кога првпат се појавила идејата за купување на остров. „Мислите дека би успеало?“

Не е јасно како САД би го купил најголемиот остров во светот откако поранешниот претседател Хери Труман не успеал да го купи за 100 милиони долари во 1946 година, баш како и Стејт департментот во 1867 година.

Ледениот остров во Атлантикот има околу 56,000 жители и ако е технички во северноамериканските води, тој е самоуправна територија која културно и припаѓа на Европа. Со надворешната и безбедносната политика на Гренланд управува Копенхаген.

Трамп минатата пролет ја обновил идејата за купување, откако слушнал дека Данска има финансиски проблеми поради субвенциите кои ги плаќа на Гренланд.

Гренланд

Гренланд се потпира на 591 милион долари субвенции кои годишно ги прима од Данска, што е 60 проценти од неговиот годишен буџет. САД веќе имаат воздухопловна база на Гренланд која е дел на врвниот систем за рано предупредување од ракетни напади и систем за следење на сателити, укажува „Дејли Мејл“.

Трамп за прв пат ќе ја посети Данска следниот месец, иако делува дека таа посета нема да биде поврзана со оваа приказна. Претставниците од данската кралска куќа и амбасадата во Вашингтон не ги коментирале последните наводи.