МакедонијаСиндикат

Транспортните работници се приклучуваат на протестот…

Транспортните работници се приклучуваат на протестот... - Работник
623views

Недостатокот од социјален дијалог во јавниот сектор помеѓу транспортните работници и нивните социјални партнери, е причината поради која Синдикатот за транспорт и Врски – СТВ се приклучува на протестот кој е во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија- КСС. Протестот ќе се одржи на 8 јуни, пред Владата на РС Македонија.

Претседателот на СТВ, Зоран Дионисијев за порталот Работник изјави дека тие како синдикат кои ги претставува транспортните работници, не се задоволни од социјалниот статус, ниту пак од социјалниот дијалог со нивните партнери.

Дионисијев истакна и дека тие се залагаат за зголемување на платите, за достоинствена работа, сигурни работни места, за стоп на трансферот од јавен во приватен сектор, за искоренување на дискриминацијата и сопирање на партиските вработувања.

„Јас сум еден од претседателите на синдикални организации кои беа отпуштени од работа, поради моето синдикално делување, што е спротивно на законот за работни односи. Со приклучувањето на масовниот протест во Скопје, сакаме уште еднаш јавно да ги искажеме нашите проблеми, за кои очекуваме што е можно побрзо да се најде решение. Вработените во транспортот имаат доста проблеми кои во најголем дел влијаат врз нивниот статус. Владата овој пат треба да не сфати сериозно.“

Тој рече дека доколку не се најдат заеднички прифатливи решенија и по протестот во Скопје, тогаш тие ќе применат порадикални, демократски синдикални мерки.