ЗанимливостиСветот на работникот

Треба ли да одиме на работа кога сме настинати и да го загрозиме здравјето на нашите колеги?

Треба ли да одиме на работа - Работник
168views

Зошто луѓето се колебаат да побараат боледување и како работодавачите гледаат на оваа појава?

Колку нашата настинка е навистина силна? Преслаба за да изостанеме од на работа или пак доволно силна за да го загрози здравјето на нашите колеги, доколку дојдеме во таква состојба на работното место? Би – Би – Си понудил неколку одговори на овие прашања.

Кога настинката е доволно силна?

Вирусите се наоѓаат насекаде, во возилата на градскиот превоз, супермаркетите, игралиштата… Освен ако планирате никогаш да не излезете од дома, кога – тогаш ќе бидете заразени.

„Настинката е последица на вирусно заболување на кое секој реагира различно. Не можеме да го потцениме влијанието на настинката на способноста на некои луѓе“, вели Рејчел Саф, виша советничка во Институтот за управување со човечките ресурси.

Саф додава дека доколку навистина не се чувствувате добро и вашите симптоми укажуваат на тоа дека нема да бидете продуктивни, подобро е да изостанете од работа, бидејќи така нема да го проширите вирусот на работното место.

Треба ли по секоја цена да ја избегнувате настинката или таа помога во градењето на имунитетот? Професор Питер Опеншо, поранешен претседател на британското друштво за имунологија, вели дека настиниките можат да бидат добри за нашето долгорочно здравје, но само понекогаш. По се изгледа дека настинките можат да се поделат на добри и лоши.

„Мојот животен повик беше да откријам кои вируси се добри, бидејќи некои настинки, по се судејќи, можат да го стават нашиот имунитет на некој вид на тренинг“, вели Питер.

Луѓе со послаб имунитет?

Луѓето на кои имунитетот им е ослабен, како на пример пациентите во болниците, често се изолирани, бидејќи многу лесно може да се случи некој да им пренесе вирус. Од друга страна, личноста со силен имунитет нема да добие настинка дури ни ако се наоѓа во друштво на настината личност.

Луѓето кои се свесни дека се настинати се советуваат пред излегување да размислат дали ќе дојдат во контакт со деца, трудници или постари и почувстителни личности. Пациентите кои имале хемотерапија, на пример, исклучиво се чувствителни на настинка.

Обѕирноста на шефовите?

ЦИПД во својот извештај навел дека просечниот број на денови во текот на кои луѓето излегуваат од работа поради настинка паднал на 5,9 дена годишно, што е најниско ниво во 19 години долга историја на ова истражување. Објаснувањето може да се пронајде и во фактот што луѓето се почесто и настинати одат на работа. Многумина отсуството од работа го доживуваат како голем проблем, како поради обврските кои се насобрале, така и поради колегите кои се повеќе ќе бидат оптеретени, бидејќи ќе мораат да преземат на себе и дел од работата на колегата кој не е присутен.

Поединечни луѓе дури стравуваат дека работодавачот ќе им замери ако изостанат од работа „поради обична настинка“. Во време кога се повеќе работи можат да се извршуваат во потполност или делумно од дома, не би требало да имаме страв од разговор со шефот бидејќи и за него е подобро ако изостане една личност, отколку да се рашири вирусот и да се разболат повеќе работници.

Постојат и случаи на злоупотреба, бидејќи за настинка не е потребно да се донесе потврда од доктор, па и работодавачите се внимателни, но во огромен број на случаи подготвени се да веруваат на зборот од вработениот. На крајот на краевите, и шефовите кога – тогаш ќе настинат, па и тие ќе отсустуваат неколку денови.