ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Третина од работниците биле под стрес: „Од нас бараат нон-стоп да бидеме достапни“

   Време за читање 1 минута

Третина од канцелариските работници во Германија рекле дека биле под стрес пред почетокот на божиќните празници, оти сметаат дека „секогаш морале да им бидат достапни на работодавачите“, објавила претходно овој месец технолошката компанија Slack, пренесуваат германската новинска агенција дпа и Fenix.

Повикувајќи се на истражувањето кое го нарачал од институтот YouGov, Slack наведува дека 34 % од 2,000 испитаници се пожалиле на стрес поради очекувањата дека работодавачите ќе ги повикаат нешто да направат, а уште 33 % на страв од синдромот burnout.

Речиси половина од испитаниците, 48 % од нив, рекле дека ќе му останат на располагање на работодавачот и вон работното време. Инаку, во минатомесечното истражување учествувале 599 менаџери.

Постојната достапност, вклучувајќи и за време на празниците, не ве прави само да се чувствувате како да сте дежурни, се наведува. Дури 38 % од испитаниците рекле дека добиле повик од колегите во текот на празниците минатата година.

Меѓутоа, високо мнозинство – 74 % од менаџерите, наводно, рекле дека ги поттикнуваат вработените да се исклучат, но 34 %, исто така, рекле дека очекуваат од работниците да останат достапни „за секој случај“.

Флексибилната работа, како што знаеме, често ги „брише“ границите помеѓу професионалниот и приватниот живот, поради што вработените имаат впечаток дека постојано и веднаш мораат да бидат достапни, рекла Нина Кох од Slack.

Поради тоа се‘ почесто гледаме незадоволни работници, а во најлош случај и жртви на синдромот на согорување на работно место.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock