- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Третина од работниците од дома носат пижами за време на состаноците

Третина од работниците - Работник
220views

Речиси третина од луѓето кои работат од дома на виртуелните состаноци се облечени во пижами, а секој десетти притоа не го носи долниот дел.

Резулатите од анекатата на YouGove спроведена во Велика Британија покажуваат дека 42 % од оние кои работат од дома се „заморени од Зум состаноците“, но само 14 % од нив сакаат да се вратат на работа, на полно работно време кога пандемијата ќе заврши. Секој петти испитаник одговорил дека никогаш не сака да се врати на работа.

Истражувањето е спроведено нешто повеќе од една година по првите карантини, пренесува Јутарњи лист.

Во анкетата учесвувале 2,027 работници од далечина. Речиси половина (45 %) сакаат баланс помеѓу работа од дома и работа во канцеларија, односно одење на работа помеѓу еден и три дена неделно.

51 % од испитаниците како најчеста причина за ова, го истакнале патувањето до работа, а 15 % велат дека на тој начин нема да мора да носат формална облека.

Муабетењето со колегите е она што најмногу им недостасува од канцеларискиот живот (43 %), а заситеноста од Зум, со 31 % е втора причина за нивно враќање на работа.

30 % од испитаниците признале дека на виртуелните состаноци учествуваа облечени во пижами, 25 %, за време на виртуелените состаноци купувале онлајн, а 15 % играле компјутерски игри.

„Истражувањето покажува дека работата никогаш нема да биде иста како пред пандемијата. Вработените бараат пофлексибилно и похибридно работно опкружување кое ја задоволува рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, создадена од долгата работа од дома“, велат од YouGove.