ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

„Трештат“ откази во авио – индустријата. Рајанер ќе отпушти 3,000 работници

„Трештат“ откази во авио - индустријата - Работник
145views

Нискобуџетниот авио превозник Рајанер размислува да го намали бројот на вработени за 15 отсто, односно да укине 3,000 работни места.

Моментално преговара со синдикатите за начинот на заминување на вработените и нивните отпремнини. Причината за овој потег е очекувањето дека, по враќањето во нормала, бројот на патници ќе биде преполовен.

Оваа компанија, од 154 милиони патници би можела да падне на 80 милиони. Можеби ќе мора и да ја намали цената на билетите, за да се избори со силната конкуренција, особено со онаа која прима помош од државата. Рајанер објавил дека нема да бара државна поддршка во борбата со кризата.

Сепак, од компанијата велат дека не очекуваат толку катастрофални резултати оваа година во Европа, бидејќи еден дел од туристите веројатно ќе сакаат да го искористат летниот одмор за патувања. Се надеваат дека жителите од северот на континетот ќе ги посетуваат летните дестинации во кои немало многу заразени со корона вирусот.

Затоа компанијата би можела да започне со реализација на поголемиот број на летови од јули, и покрај одлуката на британските власти дека сите кои ќе слетаат на Островот ќе мораат да поминат 14 дена во карантин.

Мајкл О’Лири, извршниот директор на оваа авиокомпанија смета дека овој план е „идиотски и неизводлив“, бидејќи „нема доволно полицајци кои би можеле да ги контролираат сите патници“. Тој смета дека оваа одлука нема кредибилитет и очекува да се укине до јуни.

Advertisement