ЕкономијаМакедонија

Триесет евра за патарини се потребни за одење на одмор во странство

Триесет евра за патарини - Работник
331views

На патот од Скопје до Атина, долг 709 километри има еден куп патарини на кои, само низ нашата држава треба да се остават 40 денари на наплатната станица Петровец, 80 денари кај Велес, 60 денари кај Градско и евентуално уште 100 денари на новата рампа кај Гевгелија. Заедно со грчките патарини, до Атина се плаќаат 33 евра. На патот до Лептокарија во Грција  има четири патарини на кои се плаќа од 1,20 до 3,20 евра, или вкупно 8,4 евра.

Во кој правец и да тргнете на одмор надвор од земјата понесете повеќе пари. Настрана од цената на лежалките, кафињата, гирото, порцијата со најевтина риба, мини шопингот… повеќе од лани ќе потрошите уште пред да стигнете на избраната дестинација за летување. Поскапеа патарините во речиси целото наше опкружување. Трајно или сезонски летово е поскапо возењето по автопатите во Грција, Србија, Хрватска, пишува Вечер.

Целосниот текст можете да го прочитате тука