ЕкономијаМакедонија

Трипуноски: Помош при откуп и кредитен револвинг фонд за земјоделците во првите 100 дена

94views

Изјава на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:

Земјоделството е стратешка гранка во Република Македонија. Над 100.000 лица живеат или на некој начин се занимаваат и се поврзани со земјоделство. Изминативе години поради негрижата на власта оваа гранка е во сериозен пад. Откуп нема, а кога го има цените се под секоја рентабилност. Субвенциите доцнат, за модернизација на земјоделството воопшто и да не зборуваме едноставно во буквална смисла катастрофа.

Коронавирусот остави последици и во земјоделството. Власта која не можеше да обезбеди услови за функционирање на земјоделците во нормално време, во кризава се соочи со тотален крах. Токму затоа потребно е итна стратегија за пребродување на последиците, во таа насока ние нудиме преодна стратегија која нашата влада во првите 100 дена од мандатот ќе ја спроведе.

За заштита од можните негативни состојби, владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе интервенира со комбинација од повеќе сет на  мерки, со кои ќе им се помогне на земјоделските производители да се справат со проблемите и да обезбедат соодветен приход. Имено ќе бидат преземени пазарно-ценовни мерки и мерки со кои ќе им помогне на земјоделците, извозниците и на транспортерите настап на светските пазари.

Се обврзуваме да обезбедиме дополнителни плаќања по единица капацитет за производителите на зеленчук и овошје кои нема да можат да ги пласираат своите производи. Оваа мерка ќе овозможи производителите да ги пласираат земјоделските производи и да остварат соодветен доход.

Поддршката ќе биде насочена и кон извозниците. За да им помогне на извозниците на земјоделско-прехранбени производи да стигнат до постоечките пазари, и во насока на изнаоѓање на алтернативни пазари, владата ќе креира мерки за маркетинг, промоции и кампања. Доколку значително се зголеми цената на транспортните трошоци, поради нарушување на постоечките коридори за транспорт, ќе се имплементираат мерки и во таа насока.

Со мерки на ценовна поддршка ќе ѝ се помогне на преработувачката индустрија да ги откупи сите домашни количини овошје и зеленчук кои нема да може да се пласираат на пазарите како производи за свежа консумација.

Во сетот на мерки ќе бидат опфатени лозарите, градинарите, сточарите, односно  сите гранки од земјоделскиот сектор.

Ова е само мал сегмент од нашите планови за земјоделството, кои опфаќаат 640 милиони евра за субвенции, 80 милиони евра за водоснабдување, неповратни средства за младите земјоделци за набавка на механизација и опрема, инвестиции во земјоделските стопанства, кредитен револвинг фонд за сигурен откуп на земјоделските производи и многу други реални проекти.

ВМРО-ДПМНЕ има стратегија.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат единствено повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма.