ЕкономијаЗанимливостиСвет

Три работи кои можеме да ги научиме од Полска

Три работи кои можеме да ги научиме од Полска - Работник
214views

Пред отприлика четвртина век Полска, како и останатите источноевропски земји, поминала низ големи друштвени и политички промени.

Државно контролираната економија ја заменила пазарната и Полска оттогаш го дуплирала реалниот БДП, од 1992 година има непрекинат раст кој не е прекинат ни во последната глобална криза, кога најсилните светски економи потонале во рецесија па многумина денеска ја гледаат како „нова Германија“, односно како иден покренувач на европската економија.

Економска слобода и одгледувањето на лук или што навистина значи зборот „реформа“

Денеска, таа се зема како практичен пример за брза транзиција. Спорведена е брза макроекономска стабилизација – намалување на високобуџетскиот дефицит и високата инфлација, брзата либеризација на надворешната трговија и приватизацијата на најголем број на државни претпријатија, креирани се и пазарни институции, а работниот амбиент е поправен.

Овие реформи можат најдобро да се илустрираат со достигнатите нивоа на економските слободи. Полска, како и другите земји во транзиција, тргнала кон реформите од исклучиво ниско ниво. Правосудството било под политичка контрола, законите биле против малата трговија, пазарните институции како берзата не постоеле, а сите претпријатија освен земјоделските и микроуслужните дејности се во државна сопственост.

Еден занимлив опис на ова случување е примерот со одгледувањето на лук во Полска, а тој пример е само еден во низата кој објаснува како се создава бум во економијата.

Велика Британија пред влегувањето на Полска во ЕУ во 2004 година нарачала студија за да го утврди влијанието кое Полска би го имала на британското земјоделие. Резултатите покажале дека нема да има речиси никакво влијание, бидејќи земјоделието во Полска било значајно помалку продуктивно од развиените земји во ЕУ, како и дека главната конкуренција и понатаму доаѓа од земјите како што е Холандија која има технолошки know how, додека во Полска и понатаму се користат застарени техники.

Главениот проблем со оваа студија било тоа што го набљудувала земјоделието како статичка, а не динамичка варијабила, а лошата претпоставка е мајка на сите грешки.

Авторите на оваа студија забораваиле на можноста дека Холанѓаните можат да одат во Полска и да се договорат со локалните фармери за тоа да им обезедат семе и останати материјали, а за поврат да го откупат нивниот зеленчук по договорена цена.

Краен резултат: во Велика Британија повеќе не се произведува лук, туку се увезува од Полска.

Борба против одлив на мозоци

„Одливот на мозоци“ е иселување на млади високообразовани луѓе во потрага по подобра плата и услови за живот кое особено ги погодува државите кои се на работ на ЕУ и оние кои неодамна се придружиле на оваа заедница.

За да ги задржи високообразованите млади луѓе кои заминуваат во другите членки на ЕУ, Полска донела одлука од 1 август оваа година да нејзните државјани кои се помлади од 26 година и кои заработуваат помалку од 85,528 злоти (20,000 евра), што е месечна плата од околу 1,600 евра, повеќе да не мораат да плаќаат данок на доход.

Тоа значи дека данокот на доход е укинат за околу два милиони млади Полјаци. Образложувајќи го законот во полскиот Сејм, премиерот Матиуш Моравјецки рекол дека во минатите 15 години, откако Полска се придружила на ЕУ, 1,7 милиони луѓе ја напуштиле државата. Пред него што демографскиот пад го опишал како „енормна загуба“, Моравјецки рекол дека тоа значчи дека се иселил еден град голем колку Варшава.

Полското „не“ на еврото и ММФ

Уште пред две години Варшава соопштила дека ќе го повлече аранжманот од Меѓународниот монтарен фонд во рамките на флексибилните кредитни линии вредни повеќе милијарди долари.

„Полската економија е во толку добра ситуација да тоа можеме да го направиме“, рекол тогаш полскиот министер за финансии, Матеуш Моравјецки.

Полска во тој момент имала рекорден буџетски суфицит од 1,36 милијарди долари и економски раст од речиси четри отсто.

Дека на Полска усвојувањето на еврото не и е приоритет, константно велат тамошните претставници на власта. Во својата реторика секогаш исктакнуваат дека приритет на Владата не е усвојување на еврото, туку зголемување на платите на граѓните на ниво на западноевропските држави.