ЕкономијаСвет

Три работи кои што може да влијаат врз покачувањето на вашата плата

Три работи - Работник
68views

Колку е лесно да се добие зголемување на платата?

Можете да се обидите да земете повеќе пари од вашиот работодавач со напорно работење или вешти преговарачки тактики.

Но во пракса, други фактори може да бидат важни. Некои од нив можеме да ги контролираме, но повеќето од нив зависат од нашата среќа.

Да бидеш млад (и роден во вистинско време)

Платата најмногу расте во твоите дваесетти години. Тоа е така бидејќи најчесто започнуваш да работиш на ниска плата и брзо добиваш вештини и искуство.

Рапидната брзина забавува во твоите триесетти и четириесетти години, со зголемување на платата од 2 % и 1 % годишно. Потоа растот на платата уште повеќе се намалува како што се движиш кон пензија.

Низ годините, приказните се различни.

Тие коишто се родени во доцните 1980 – ти години заработувале 28 проценти помалку од генерацијата родена десет години порано. Тоа е поради започнувањето на нивните кариери во средината на невиденото опаѓање на платите, по рецесијата во 2008 година.

Но, постојат начин како да го подобриш растот на платата. Одењето на факултет ја одлага работата, но често води кон побрз раст на платата во остатокот на твоите 20 – ти години.

Дипломците родени во 1980 година имаа просечно зголемување на плата за 8%, годишно во реални услови помеѓу 22 и 30 години. Тоа е споредено со 6% годишно на тие чија највисока квалификација е ниво А или 3% за тие со еквивалентни работни квалификации.

Промена на работно место

Наместо да преговарате за зголемување на платата со вашиот шеф, може да се обидете да го откачите вашиот работодавач целосно.

Во 2018 година, работниците кои останале во истата фирма имале просечно зголемување на платата од 0,6% годишно, по инфлацијата.

Но, типичниот раст на платата во година по промената на работодавачот беше седум пати поголем, 4,5%. Новата работа може да искористи најмногу од вештините на работникот, додека менувањето на работодавачот често е прилика за преговарање за зголемување на платата.

Преселување и промена на работата

Доколку сакаш навистина големо покачување, треба да се преселиш.

Во 2016 година, типичниот раст на платите поврзан со промена и на работата и регионот бил 9%. Луѓето почесто се преселуваат во поголеми градови, како Лондон, Единбург или Манчестер каде има поголем број на работни места, а често и поголеми плати.

И покрај ова, особено младите луѓе помалку ги менуваат работните места од порано.