- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаукаСветот на работникот

Три четвртини од вработените би продолжиле да работат од дома

Три четвртини од вработените - Работник
92views

Три четвртини од вработените Унгарци кои учествувале во истражувањето на агенцијата Реакти Дигитал, велат дека би сакале да продолжат да работат од дома барем еден ден во неделата. 

Според податоците добиени во оваа анкета, работата од дома во главно повеќе им одговора на оние со повеќе образование, а голем број сметаат дека работодавачите заработуваат правејќи ги овие отстапки, пренесува агенцијата МТИ. 

Advertisement

Истражувањето покажува дека 37 отсто од 1,000 вработени испитаници добиле понуда да работат од дома на крајот од јануари и дека таа шанса ја искористиле најмногу жителите на главниот град на Унгарија, Будимпешта, како и оние со диплома. 

Третина од вработените работеле цело време од дома, додека 90 % од квалификуваните работници не биле во можност својата работа да ја извршуваат од дома, се наведува во извештајот на агенцијата. 

Advertisement

Авторите на истражувањето додале дека поголемиот број на квалификувани работници не би работеле од дома ни кога ќе заврши пандемијата. 

Според податоците до кои дошле истражувачите, 24 % од вработените не би сакале или не би можеле да ја извршуваат својата работа од дома. 

Истражувањето покажало дека 7 % од вработените би продолжиле да работат барем еднаш неделно од дома, 15 % два дена, 16 % три дена, 7 % четири дена и 31 % би сакале да продолжат да работат од дома сите пет ден. 

Advertisement