ЕкономијаСветСветот на работникот

Трошат пари на канцеларии, за вработените работат од дома: Платиле „само“ 367 милиони долари

Трошат пари на канцеларии - Работник
31views

Технолошкиот гигант „Фејсбук“ купил нови работни простории за 367 милиони долари.

Фејсбук продолжил да го купува претходно неискористеното седиште на компанијата на малопродажни ланци РЕИ, и покрај нивните планови поголемиот дел од работниците да работат од дома.

РЕИ минатиот месец објавил дека одлучил да го продаде комплексот на кампуси со површина од 400,000 квадратни метри во Белвју во Вашингтон во кој планирал да се всели ова лето. 

Вчера било објавено дека е постигнат договор за продажбата на имотот за 390 милиони долари. Фејсбук ги купува зградите и поголемиот дел од земјиштето за 367,6 милииони долари, додека програмерот на компанијата ќе купи само еден неуреден дел од имотот од 2 хектари за остатокот од продажната цена.

Како и многу технолошки компании, Фејсбук во март поголемиот дел од своите вработени ги пренасочил на работа од дома поради пандемијата од коронавирусот. Минатиот месец компанијата рекла дека ја продолжува работата од дома до јули, следната година за да се зачува здравјето на вработените.

Извршниот директор Марк Закерберг претходно рекол дека половина од вработените во Фејсбук во наредните 5-10 години би можеле да работат од дома. 

Но, и покрај тоа предвидување, Фејсбук во текот на оваа година вработил уште работници и ги проширил канцелариските простории.

„За да се позанимаваме со нашата брзо растечка работна сила, продолжуваме да инвестираме во локации со физички канцеларии“, се вели во изјавата на Фејсбук.

„Во второто тромесечје на 2020 година, додадовме рекордни 4,200 нови работници и сега имаме повеќе до 52,000 вработени. Иако фејсбук предвидува дека 50 отсто од неговите вработени ќе работат од далечина во наредните 5-10 години, нашите канцеларии се од витална важност за нашата култура и помош за да се прилагодиме на очекуваниот раст и да ги задоволиме потребите на нашите вработени на кои им е потребно или повеќе сакаат да работат од кампусот“, соопштиле од Фејсбук.

Фејсбук истакнал дека во интерното истражување на компанијата во мај оваа година, речиси 65 % од вработените изразиле желба да се вратат во канцелариите, пишува Си – Ен – Ен, а пренесува Кликс.