ЕкономијаМакедонија

Трошоците на живот во септември на месечно ниво пониски, на годишно ниво раст од 0,3 отсто

Трошоците на живот во септември - Работник
171views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.4, а индексот на цените на мало 98.6.
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3.9%, свежото и разладеното овошје за 2.8%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.9%, другите прехранбени производи за 1.7%, оризот за 0.8%, брашното и другите житарици за 0.5%, млекото, маслото и маснотиите за 0.3% и јајцата за 0.2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 20.2%, туристичките пакет-аранжмани за 10.5%, услугите за сместување за 6.5%, гасот за домаќинствата за 2.3%, домашните миленици и сродни производи за 1.2%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, игрите, играчките и хобијата за 1.1%, цврстите горива за домаќинствата, опремата за спорт и кампирање во природа за 0.9%, конфекцијата за 0.7%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0.6%, средствата за чистење и одржување на станот, другите печатени материјали за 0.5%, книгите за 0.4%, малите електрични апарати за домаќинствата, другите лични предмети за 0.3%, текстилот за домаќинствата, автомобилите, другите услуги неспомнати на друго место за 0.2%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 1.3%, свежата и ладена риба за 0.6%, другите пекарски производи за 0.5%, месото за 0.4% и јогуртот за 0.3%.

Во септември 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 6.2%, информатичката опрема за 1.7%, другото образование за 1.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, телефон и телефакс опремата за 1.2%, течните горива за домаќинствата, велосипедите за 1.1%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот и часовниците за 1.0 %, угостителските услуги за 0.5 % и опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3%.

Индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со септември 2018 година, бележи пораст од 0.3 %, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.7%.