Трудово право: Посредување во постапка за заштита од вознемирување на работно место
Време за читање 2 минути
Рубрика за трудово и социјално право
Тема: Посредување во постапка за заштита од вознемирување на работно место
Кога на работното место ќе настане ситуација каде одреден работник смета дека е вознемируван истиот има право да започне постапка за заштита од вознемирување на работното место која е предвидена со самиот Закон за зашитита од психолошко и сексуално вознемирување на работното место.
Значаен дел од оваа постапка е фазата на посредување која е предвидена со Законот и која предвидува должност за работодавачот, односно одговорното лице кај работодавачот веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на барањето за заштита од вознемирување на работно место, на страните да им предложи посредување како начин на разрешување на спорниот однос и да им предложи да изберат лице од листата на посредници.
Во случај да страните и работодавачот не успеат да се спогодат за определување, избор на посредник, одговорното лице кај работодавачот е должно во рок од 8 дена, сметано од истекот на рокот за прием на барањето на подносителот, и на вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, а не е подносител на барањето, да му достави писмено известување дека не е избран посредник. Од денот на доставувањето или не доставувањето на ваквото известувањето во дадениот рок ќе започне да тече рокот од 15 дена за поднесување на тужба до надлежниот суд за заштита од вознемирување на работно место.
Во оваа постапка, доколку една од страните побара може во постапката да учествува и претставник на синдикатот во кој е зачленет вработениот. Исто така оваа постапка за посредување е затворена за пошироката јавност.
ПРАВИЛНО е да се смета дека оваа постапка е итна, каде посредникот има должност да постапува независно и непристрасно и да изнајде начин да се постигне спогодба помеѓу засегнатите страни.
ПОГРЕШНО е да се смета дека претходна постапка е задолжителна доколку вознемирувањето го прави самиот работодавач. Во тој случај може веднаш да се побара судска заштита.
Проф. д-р Лазар Јовевски
Latest posts by Редакција (see all)
- Синдикатот за образование на БиХ со писмо со сочуство за трагедијата во Кочани до СОНК - 18/03/2025
- „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија - 18/03/2025
- Невидена измама! Менаџер за човечки ресурси измислувал работници – успеал да проневери повеќе од 2 милиони евра: Еве како е откриен - 18/03/2025