ЕкономијаМакедонија

ТТК банка вработува…

ТТК банка вработува - Работник
205views

ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

БРОКЕР

(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):

  • Завршено високо образование од областа на економијата, финансиите или деловното прав;
  • Дозвола за работа на брокер, (предност е поседување и дозвола за работење за инвестиционен советник) и работно искуство од најмалку 3 години
  • Познавање на законска и подзаконска регулатива од областа на работа со хартии од вредност
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
  • Аналитичност, иницијативност, самостојност,  ажурност, навременост
  • Способност за тимска работа
  • Комуникациски и организациски вештини
  • Способност за идентификација на проблеми
  • Професионално однесување
  • Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола Б категорија

Краток опис на работно место

  • Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиенти и по налог и за сметка на Банката
  • Работење со апликацијата на ЦДХВ – резервирање на хартии од вредност и вршење на нетрговски трансфер
  • Анализа на финансискиот пазар и потенцијалните клиенти

Работно време:

40-часовно неделно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Локација на работното место:

Скопје, Централа на Банката

Загарантирана почетна нетоплата:

Минимална: 30.000,00 денари;

Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат.

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо, копија од уверение за завршено образование и копија од дозвола за работа на брокер и/или копија од дозвола за работење за инвестиционен советник, најдоцна до 10.2.2020 година, со назнака: „Апликација за Брокер“ на следната електронска адреса: kariera@ttk.com.mk или во писмена форма на адреса: ТТК Банка АД Скопје,  ул. „Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.